elektronik sigara Вон.Проф. д-р Мери Цветковска
Вон.Проф. д-р Мери Цветковска PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
Вон.Проф. д-р Мери Цветковска
Кратка биографија
научно-истражувачки трудови
Научно истражувачки проекти:
Стручни трудови и експертизи
Книги, скрипти и публикации
Членства и функции
Признанија
Сите страни

Кратка биографија

Д-р Мери Цветковска, дипл.град.инж., вонреден професор на Катедрата по техничка механика и јакост на материјалите. Родена е 08.03.1961 год. во Штип, Р. Македонија. Дипломира на Градежниот факултет во Скопје, во 1984 год. Во 1986 год. избрана е во звањето помлад асистент и учествува во изведувањето на вежбите по предметите: Техничка механика, Техничка механика I, Техничка механика II и Јакост на материјалите. Магистрира во 1993 год. Истата година избрана е во звање асистент. Во 2002 год. ја одбранува докторската теза и се стекнува со научен степен доктор на технички науки. Во 2003 год. избрана е во звање доцент на истата катедра и од изборот до денес држи предавања по предметот Статика, на I циклус студии по градежништво, додека на II циклус студии по градежништво држи предавања по предметите Пожарна отпорност на АБ конструкции и Енергетска ефикасност на градежните објекти. Од јуни 2007 год. избрана е за визитинг професор на постдипломските студии на Универзитетот во Црна Гора, Градежен факултет-Подгорица, за предметот "Пожарна отпорност на конструкциите". Резултатите од истражувачката работа, претежно од областа на нелинеарната анализа на однесувањето на армиранобетонските елементи и конструкции во услови на пожар, што претставува нејзина потесна специјалност, ги објавува во 36 труда, публикувани во домашни научни списанија и зборници од научни симпозиуми и конференции одржани во Македонија и во странство. Учествува во 9 научноистражувачки проекти. Апликативната дејност ја реализира со изработени над 30 стручни труда.



Последно освежено ( Сабота, 26 Септември 2009 15:13 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.