elektronik sigara Катедра за техничка механика и јакост на материјалите
Катедра за техничка механика и јакост на материјалите
Статика на Piazza.com! PDF Печати Е-пошта

piazzaОд денес предметот Статика се наоѓа и на Piazza.com. Што е Piazza.com? Еве извадок од нивниот сајт:

"Piazza is a free platform for instructors and TAs to efficiently manage out-of-class Q&A. On their class dashboard, students can post questions and collaborate Wikipedia-style to edit responses to these questions. Instructors can also answer questions, endorse student answers, and edit or delete any posted content.
The name Piazza comes from the Italian word for plaza--a common city square where people can come together to share knowledge and ideas. We strive to recreate that communal atmosphere among students and instructors."

Значи, овој бесплатен сервис овозможува полесна комуникација меѓу наставниците и студентите, како и меѓу самите студенти, а во интерес на полесно и побрзо совладување на материјалот и решавање на задачите по предметот.

Студентите може да поставуваат прашања (дури и анонимно), а на прашањата може да одговараат како наставниците така и останатите студенти. Просечно време за добивање на одговор (според податоците објавени на Piazza.com) е некаде 7 мин. Авторите на сервисот имаат креирано и бесплатна апликација за iPhone/iPad и Android, така информациите се достапни буквално секаде.

Сервисот, иако релативно нов, го користат некои од најголемите и најпрестижните универзитети во светот. Се надеваме дека користењето на овој сервис ќе биде од корист и на нашите студенти. 

Последно освежено ( Недела, 10 Февруари 2013 00:28 )
 
« ПочетокПред212223242526272829СледноКрај »

Лист 29 од 29

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.