elektronik sigara Лична карта - Јакост на материјалите
Лична карта - Јакост на материјалите PDF Печати Е-пошта
  • Предмет:Јакост на материјалите
  • код: З1-10Licna karta
  • Условеност: Статика, Математика 1
  • Наставник:   Доц. д-р Коце Тодоров, 3116-066/109
  • Соработник: Милица Јованоска, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 3116-066/118
  • Фонд на часови:    3+3
  • Број на кредити:6

  1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно се оценува со 5%.
  2. Во текот на семестарот секој студент треба да изработи 6 домашни задачи, кои се задаваат на часовите по вежби, а се предаваат пред почетокот на часовите по предавања следната недела. Задоцнетите домашни, заради оправдани или неоправдани причини, нема да бидат оценувани. Враќањето на прегледаните домашни ќе биде една недела после нивното предавање во училница после часовите. Секој студент ќе може да поразговара со својот асистент за направените грешки и пропусти во задачите. Сите домашни задачи носат ист број на поени, од 0 - 100. На крајот од семестарот сите студенти ќе добијат можност за преработка на една најслабо оценета домашна задача. Максималниот можен број на поени, 6 х 100 = 600 поени, учествуваат со 15% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  3. Во текот на семестарот студентите се должни да изработат 3 колоквиуми, сите со ист број на поени, од 0 - 100, кои ќе содржат задачи и прашања од теоретскиот дел. Максималниот број на поени, 3 х 100 = 300, учествува со 30% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  4. Услов за добивање на потпис по предметот и излегување на завршниот испит е да се соберат најмалку 20% според точките 1, 2 и 3.
  5. Завршниот испит, кој содржи задачи и прашања од теоријата, се оценува со поени од 0 до 100 и учествува со 50% во формирањето на завршната оценка по предметот. Завршниот испит ќе биде позитивно оценет ако минималниот број на освоени поени изнесува 40 и е задолжителен за сите студенти.
  6. Табела за добивање завршна оценка по предметот

Оценка

6

7

8

9

10

Вкупно поени

51-60

61-70 

71-80 

81-90 

91-100

 


Нема да постои можност за дополнително извршување на неизвршените обврски (ненавремено предавање на домашната задача или непојавување на колоквиум).

Со желба за плодна соработка ви посакуваме успех во совладувањето на предметот!

Последно освежено ( Вторник, 24 Февруари 2015 14:00 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.