elektronik sigara Правила при полагање на писмен испит/тест/колоквиум
Правила при полагање на писмен испит/тест/колоквиум PDF Печати Е-пошта
Со цел полагањето на писмените испити (тестовите, колоквиумите) да се спроведува без потешкотии, да се одвива во најдобар ред како и да се постигне објективно и фер оценување, составени се следните правила за спроведување на истите. Овие правила се замислени како рамка која треба да ги дефинираат правата и обврските на учесниците на испитот - како на кандидатите кои го полагаат, така и на наставниците кои го спроведуваат.

Правила за спроведување на писмен испит

1. Општо

  • Времетраењето на испитот го определува предметниот наставник
  • Испитот се најавува најмалку една недела пред да биде спроведен

2. Подготовка за испит

  • Кандидатот кој полага испит со себе треба да понесе:
    • индекс (или друг валиден документ за идентификација)
    • прибор за пишување,
    • бели листови со А4 формат
    • прибор за цртање
    • средство за поврзување на листовите
    • Во договор со професорот може да се користат и други средства (листови со формули, учебници и слично)
  • Кандидатот на секој од листовите, во горниот лев агол го пишува своето име и презиме и бројот на индекс. (според дадениот формат на испитен лист)
  • Професорот подготвува лист со задачи за секој кандидат. Во листот се назначени и поените кои ги носи точното решение на секоја задача или дел од задачата.
  • Професорот обезбедува доволно работен простор за непречена индивидуална работа на кандидатот.
  • Пред започнување на испитот на кандидатите им се читаат правилата за спроведување на испитот од Т.3 и Т.4

3. Спроведување на испитот

  • Времето на траење на испитот започнува да се мери во моментот кога и последниот кандидат ќе го добие листот со задачи. На таблата се испишува соодветнот време на завршување на испитот, како и времето на објавување на резултатите од истиот
  • Професорот/асистентот пушта список со име и презиме и број на индекс и секој кандидат го потпишува.
  • Поставување и одговарање на прашањата на кандидатите во текот на испитот:
    • Кандидатите можат да постават прашање само во првите 15 минути од испитот. Истекот на овој рок јавно се објавува и потоа кандидатите немаат право да постават пршање.
    • Прашањата на кандидатите можат да се однесуваат само на нејаснотии во врска со барањата на задачите или на некои пропусти во задавањето на истите. Прашањата не смеат да се однесуваат на теориските поставки или практичните постапки за решавање на задачите
    • Кандидатот го поставува прашањето јавно така што истото можат да го слушнат сите останати кандидати. Истото важи и за одговорот кој го дава професорот/асистентот.
  • Мамење на испитот и санкционирање
    • Како мамење на испитот ќе се смета секое користење на недозволени средства (т.е. секое друго средство кое не е предвидено во Т.1), препишување, подметнување листови како и било кое нарушување на редот и мирот во просторијата каде се одржува испитот.
    • Ако биде утврдено мамење од страна на кандидатот, професорот/асистенот треба, зависно од ситуацијата: 
      • да го отстрани кандидатот од испитот при што истиот му се оценува со 0 поени
      • да го отстрани кандидатот од испитот и истиот да му се оцени врз основа да напишаното до тој момент
      • да му дозволи на кандидатот да продолжи со испитот почнувајќи од почеток (одземајќи ги дотогаш напишаните листови)
      • јавно да го опомене кандидатот
  • Крај на испитот
    • Професорот/асистентот на 15 минути пред истекот на предвиденотот врем за полагање, јавно им го најавува тоа на кандидатите.
    • Кандидатот ги нумерира сите листови во формат „страница/вкупно страници“ во десниот горен агол (пр.: 1/5, 2/5, ... 5/5) (според дадениот формат на испитен лист)
    • По објавување на крајот на испитот кандидатот ги поврзува листот со задачите и листовите со своите решенија со соодветно средство за поврзување, во горниот лев агол на истите, ги остава на своето работно место и ја напушта просторијата.

4. Прегледување и оценување на задачите, објавување на резултатите, увид

  • Нема да бидат прегледани и оценети оние задачи:
    • кои се наоѓаат на неповрзани/отпаднати листови
    • кои се наоѓаат на листови кои не го зодржат името и презимето на кандидатот, како и бројот на страната
    • кои се неуредно и нечитко напишани
    • на кандидатот чие име не се наоѓа на списокот на кандидати кои го полагаат испитот
  • За добивање на максималниот број на поени, решението на задачата треба
    • да биде целосно и јасно објаснето
    • да ги содржи сите неопходни скици и цртежи со сите нивни елементи
    • да биде изразено во соодветната мерна единица
    • да биде нумерички точно
  • Резултатите од испитот се објавуваат во посочениот термин на огласната табла. Се објавуваат само бројот на индекс на кандидатот и вкупно освоените поени.
  • Кандидатот има право на увид само на својот испит во посебно посочени термини. Ова право може да го искористи во рок од 15 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Последно освежено ( Вторник, 31 Март 2009 12:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.