elektronik sigara Статика, К1
Статика, К1 PDF Печати Е-пошта

Првиот колоквиум по предметот СТАТИКА ќе се одржи на 21.10.2015 (среда) по групи со следниот распоред. 

Информации за тоа што треба да понесете на колоквиум и кои се правилта кон кои треба да се придржувате за време на колоквиумот можете да прочитате на "повеќе"

 

Неопходни информации во врска со колоквиумите

Ве молиме внимателно да ги прочитате следните информации и максимално да се придржувате на истите.

1. ПОДГОТОВКА: ШТО ДА ПОНЕСЕТЕ СО ВАС, ШТО ДА НАПРАВИТЕ?
Задолжително:

  • 10тина (не повеќе) бели листови А4
  • Потпишете го секој лист СО ПЕНКАЛО во горниот десен агол со вашето имепрезимеброј на индекс и датум.
  • прибор за пишување: молив и гума! Земете и мини за моливот или дополнителен молив
  • дигитрон (проверете ги батериите и земете резервни батерии или резервен дигитрон). БИТНО: Не е дозволена употреба на телефон место дигитрон и не е дозволена употреба на програмабилен дигитрон. ПОСЕБНА ЗАБЕЛЕШКА: Иако се подразбира сепак да нагласиме - потребен Ви е дигитрон со понапредни функции (пример: да пресметува и тригонометриски функции). Обичен дигитрон кој ги врши само основните математички операции нема да ви биде доволен.
  • индекс (или друг документ за идентификација доколку индексот не ви е на располагање)
  • пред да влезете во училницата, исклучете го вашиот телефон и ставете го во ранец/ташна/папка и сл.

По потреба/желба:

  • Триаголници - иако скиците на колоквиумот НЕ МОРА да се цртаат со триаголници, ниту да се во размер. Скиците може да се цртаат со слободна рака, во приближен размер. Доколку сметате дека не умеете да цртате добро со слободна рака, тогаш секако користете триаголници.
  • Бои - доколку сметате дека нивната употреба може да го направи вашето решение појасно, слободно користете ги.

 

2. ШТО ДОБИВАТЕ ОД НАС:

  • Услов со задачите 
  • 1 фолија во која ќе ги предадате решенијата на задачите заедно со условот

 

3. ШТО НЕ СМЕЕ ДА КОРИСТИТЕ:

  • телефон - ниту како дигитрон!!!
  • литература
  • било какви потсетници

 

4. ПРАВИЛА ДО КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛАГАЊЕТО:

  • веднаш штом го добиете, потпишете го условот (може и со молив)
  • на клупата каде седите не смее да има ништо друго освен: листови и прибор за пишувањедигитрон и индекс. Се друго (ташни, папки, ранци, јакни и сл.) ставете под клупата, на столот до вас и сл.
  • работете самостојно и не го реметете мирот во училницата.
  • пишувате и цртате исклучиво со молив
  • грешките ги бришете со гума - не шкртајте по листот
  • пишувајте само од едната страна на листот!

 

5. ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА ВО ТЕКОТ НА ПОЛАГАЊЕТО
Во текот на полагањето може да поставите прашање до професорите и асистентите со подигање рака. Притоа:

  • Прашање смее да се постави исклучиво околу нејаснотии во врска барањата во поставените прашања/задачи!
  • Прашањата поврзани со вашето решение на поставените прашања/задачи нема да бидат одговорени.

 

6. КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПОЛАГАЊЕТО:

  • веднаш престанете со пишување
  • ставете ги решенијата/одговорите заедно со условот во фолијата,
  • предадете ја фолијата на професорот/асистентот и
  • веднаш напуштете ја просторијата каде полагате

 

Ви посакуваме успешно полагање!

Последно освежено ( Среда, 21 Октомври 2015 12:44 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.