elektronik sigara Статика, Д1
Статика, Д1 PDF Печати Е-пошта

Условот и податоците за првата домашна задача по предметот Статика можете да ги преземете овде:
http://www.piazza.com/class_profile/get_resource/iel0msv4vi20d/iguldao9jx73r8.

Д1 е зададена на 11.11.2015, а треба да се предаден најдоцна до 18.11.2015, пред почеток на часовите за вежби по предметот, секој во соодветната група според @11.Пред почетокот на вежбите, на катедрата ќе бидат поставени кутии со имињата на соработниците, секој студент треба да ја предаде домашната во соодветната група според следниот распоред.


 

Важно: Домашните задачи предадени после крајниот рок ќе бидат оценети со 0 поени. Поени ќе бидат доделени само на целосно решени домашни задачи. Домашната задача треба да ги содржи сите чекори од решението. Нема да бидат прифатени решенија на задачите кои го содржат само крајниот одговор. Особено внимание при решавањето на домашните задачи мора се посвети на неопходните скици и цртежи. Бидејќи во статиката точен цртеж е неопходен предуслов за точно решение на задачата, задачите без целосни, точни, прецизни, јасни и уредни цртежи или задачи кај кои недостасуваат цртежи ќе бидат оценети како неточни.

Домашните задачи треба да бидат предадени целосни и уредни, спакувани во фолија. За решавање на задачите се користат бели листови во А4 формат. Се користи само едната страна на листот (било што и да е напишано на опачината од листот нема да биде прегледано и ќе се смета за науредност). Се пишува со молив. Сите цртежи се цртаат во размер, со ленир. Се прифаќаат и решенија кои се подготвени на компјутер. Сите чекори на решението да бидат прикажани редоследно (да нема „скокање“ по листот). Секоја страница од решението треба да биде нумерирана во формат „страна/вкупен број на страници“ (на пр. 5/7 би значело петта страница од вкупно седум).

Предадените решенија на домашните задачи ќе бидат прегледани и оценети  со бодови од 0 до 10. Прегледаните домашни задачи ќе им бидат вратени на студентите. Студентите се должни да ги чуваат сите домашни задачи се до положувањето на испитот по предметот.


Предлог шаблон_за_рамка.pdf

Последно освежено ( Среда, 18 Ноември 2015 17:27 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.