elektronik sigara Опис на предметот - Еластичност и ГНЛК
Опис на предметот - Еластичност и ГНЛК PDF Печати Е-пошта
  • Предмет: Еластичност и гранична носивост на линиски конструкции
  • код: ЗК-22
  • Наставник: Проф.д-р. Љупчо Лазаров, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 3116-066/133
  • Асистент: доц. д-р Владимир Витанов, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 3116-066/210
  • Интернет: http://ktmjm.gf.ukim.edu.mk
  • Условеност: Јакост на материјалите, Математика II
  • Фонд на часови: 3+3
  • ЕКТС кредити: 6
Обврски кон наставата и начин на оценување
  1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно не се оценува.
  2. Во текот на семестарот, индивидуално, се изработуваат 9 нумерички и графички задачи (домашни задачи). Задачите се задаваат на вежбите, а се предаваат пред почетокот на вежбите во следната недела. Студентот кој ќе закасни со предавање на домашната задача ќе добие 0 поени за истата. Сите домашни задачи носат ист број на поени, од 0 до 10.  Максималниот можен број на поени, 9х10=90 поени, учестуваат со 20% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  3. Во текот на семестарот се прават 3 тестови, сите со ист број на поени, од 0 до 10. Најслабо оценетиот тест се отфрла, така што во оценувањето се вклучени само 2-та најдобро оценети. Максималниот број на поени, 2х10=20, учествуваат со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  4. Услов за добивање потпис по предметот (услов за излегување на завршниот испит) е да се соберат најмалку 30% според точките 2 и 3.
  5. Писмениот се оценува со поени од 0 до 10 и учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  6. Усмениот испит не е обврска, туку само дополнителна можност за добивање повисока завршна оценка. Оваа можност можат да ја искористат само оние студенти кои според точките 2, 3 и 5 веќе собрале барем 59% според табелата за оценување во точка 7. Усмениот испит може да учествува со 10% екстра во формирањето на завршната оценка по предметот.
  7. Табела за добивање завршна оценка по предметот

 

Оценка 6 7 8 9 10
Вкупно поени 59-68 68-77 77-85 85-93 93-100

 

Сите колоквиуми и завршниот испит содржат задачи и прашања од теоријата.

Нема да постои можност за дополнително извршување на неизвршените обврски (ненавремено предавање на домашната задача или непојавување на колоквиум и сл.).

Завршната оценка по предметот се пресметува на следниот начин:

просек од домашни задачи х 2 + просек од тестови х 4 + завршен испит х 4 = вкупно поени

Последно освежено ( Среда, 19 Септември 2012 10:32 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.