elektronik sigara Лична карта - Вовед во еластичност
Лична карта - Вовед во еластичност PDF Печати Е-пошта
  • Licna kartaПредмет: Вовед во еластичност
  • Наставник: Вон. проф.д-р. Владимир Витанов,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
  • Асистент: м-р Милица Јованоска, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
  • Internet: http://ktmjm.gf.ukim.edu.mk
  • Фонд на часови: 3+2
  • Број на кредити: 5

Обврски кон наставата и начин на оценување

  1. Присуството на наставата е статутарна обврска на секој студент и не се оценува.

  2. Во текот на семестарот, на часовите по вежби се задаваат вкупно 5 домашни задачи. Решенијата на домашните задачи треба да се предадат во дефинираните термини од распоредот. Сите домашни задачи се оценуваат со поени од 0 до 10. Максималниот можен број на поени, 5 х 10 = 50 поени, учествува со 20% во формирањето на завршната оценка по предметот. Студентите се должни да ги чуваат домашните задачи се до положувањето на испитот.

  3. Во текот на семестарот ќе се одржат 2 колоквиуми кои ќе содржат само задачи. Колоквиумите ќе се оценуваат со поени од 0 до 10. Услов за положувањена колоквиумите е минимум 50%реализација, односно минимум 5 освоени поени. Максималниот број на поени, 2 х 10 = 20, учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот. Со положување на двата колоквиуми студентот се ослободува од задачи на завршниот испит. Доколку студентот падне на еден или двата колоквиуми, паднатиот дел ќе го полага во рамките на завршниот испит.

  4. Услов за добивање на потписпо предметот е минимум 20% според точките 2 и 3.

  5. Завршниот испит, за студентите кои ги имаат положено двата колоквиуми, ќе содржи само теоретски прашања и ќе се оценува со поени од 0 до 10 и ќе учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот. Услов за положување на испитот е минимум 50% реализација, односно минимум 5 освоени поени. Завршниот испит, за студентите кои имаат положено само еден колоквиум, ќе содржи теоретски прашања и задачи од неположениот дел. Теоретскиот дел ќе се оценува со поени од 0 до 10 и ќе учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот, делот со задачи ќе се оценува со поени од 0 до 10 и ќе учествува со 20% во формирањето на завршната оценка по предметот. Услов за положување на испитот е минимум 50% реализација и на теоретскиот дел и на делот задачи, односно минимум 5 освоени поени на двата дела. Завршниот испит, за студентите кои немаат положено ниту еден колоквиум, ќе содржи теоретски прашања и задачи од целиот материјал. Теоретскиот дел ќе се оценува со поени од 0 до 10 и ќе учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот, делот со задачи ќе се оценува со поени од 0 до 10 и ќе учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот. Услов за положување на испитот е минимум 50% реализација и на теоретскиот дел и на делот задачи, односно минимум 5 освоени поени на двата дела.  Критериум за формирање на завршната оценка по предметот:

Оценка 6 7 8 9 10
Вкупно поени 60-67 68-76 77-84 85-92 93-100

 

Освен во посебни случаи на оправдани и соодветно документирани отсуства, нема да има можност за надополнување на пропуштените активности во текот на семестарот.

Со желба за плодна соработка ви посакуваме успех во совладувањето на предметот!

Последно освежено ( Среда, 24 Октомври 2018 20:52 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.