elektronik sigara Тврдење - Page 2
LaTeX
LaTeX - Тврдење PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

Текст-процесори: глупави и неефикасни

1. Тврдење

Текст-процесорот е глупава и едноставна, неспособна алатка за средување на текст за комуникација. Ова твдење ќе се обидам да го објаснам подолу.

Веројатно ќе ви изгледа чудно на прв поглед. Ако сум против текст-процесорите, мислите дека предлагам да пишуваме рачно или да користиме машина за пишување? Не. Иако тие се едни од начините за пишување текст, ви тврдам дека повеќето од вас попрво би користеле компјутер, исто како и јас. Тврдам дека постојат многу подобри начини од текст-процесорот за пишување на текст користејќи компјутер.

Формулирањето на моето тврдење се чини провокативно, но да бидам јасен: кога кажувам дека текст-процесорот е глупав, не значи дека вие кои го користите овој процесор сте глупави. Јас ја критикувам технологијата, таа што е внимателно промовирана од повеќето софтверски трговци и што во суштина стана стандард во квалитет. Доколку не сте се погодиле во вистински време на вистинско место, вие сте веројатно неинформирани дека постои избор. Изборот не е промовиран од најголемите трговци од многу едноставна причина: како што ќе видиме другите алатки се бесплатни и лесно достапни.

Да почнеме со крајниот производ. Текстот што е наменет за соопштување идеи и информации може да биде доставен на два начини:

1. Како “hard copy”, кој е во форма на традиционални печатени документи

2. Во дигитална форма: електронска пошта, интернет страна, документ кој може да се гледа на екран

Постојат некои преклопувања. На пример, документот кој се подготвува за печатење може да биде дистрибуиран во дигитална форма, со надеж дека примачот има намера да го печати. Но да ги разгледаме овие две форми на доставување.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.