elektronik sigara Дигитална десеминација - Page 11
LaTeX
LaTeX - Дигитална десеминација PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

 

3. Дигитална десеминација

Претходната точка беше главно насочена кон добивање на убаво форматирен излез на печатач. Некои други аспекти се јавуваат кога подготвувате документ наменет за дигитално пренесување (електронска пошта, инетрнет страни и т.н).

Да видиме прво за елетронската пошта. Вообичаено луѓето ако сакаат да пратат кратка, ad hoc, порака тие ја пишуваат пораката директно во програмот за електронска пошта, било тоа да е „традиционален“ програм како Pine или програм со GUI (Графички кориснички интерфејс), како што се Netscape или Eudora. Во тој случај поракате најверојатно ќе биде испратена во форма на ASCII (или можеби HTML, т.е. HyperText Mark-up Language, јазикот на интернет страните, кој и самиот е составен главно од ASCII). Но што ако сакате да пратите подолг текст кој веќе сте го подготвиле независно од вашиот програм за електронска пошта?

За таа цел се повеќе е вообичаено да се „прикачи“ документот во форматот на текстуалниот процесор. Како во овој случај функционира алтернативната стратегија?

Па, мора да разграничиме две ситуации: Дали текстот е релативно краток и некомплициран (меморандум, писмо, дневен ред за состанок, листа од агенда, временски распоред при посета) или е покомплексен (академски труд – можеби со многу математика, извештај со илустрации, ракопис на книга)? Пристапот „ASCII + средувач“ води кон различни предлози за овие два случаи.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.