elektronik sigara Комплексни документи - Page 13
LaTeX
LaTeX - Комплексни документи PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

 

3.2. Комплексни документи

Подолгите и покомплицирани документи се поедноставни за читање кога се во дефинитивна форма. Математичките изрази може тешко дас е пренесат со користење на ASCII, а комплексните дијаграми и слики секако не доаѓаат предвид. Тогасш, каде е TeX во овој контекст? Говорев дека текстуалнте процесори може да се проблематични, бидејќи вашито кореспондент може го нема Некој2000 како што вие го имате. Но зарем ова не важи и за двете насоки? Дури и ако сте вие загреани за TeX и му дадете шанса, колкумина од вашите кореспонденти го имаат инсталирано? Ова е прашање на место, но има и свој одговор. Ако сакате вашиот кореспондент да може да ја види форматираната верзија на вашата датотека, а тој/таа немаат инсталирано TeX, на располагање ги имате следниве опции:

1. Конвертирајте ја вашата изворна TeX датотека во HTML. Постојат добри програми за ваква конверзија. (HTML и TeX се всушност многу слични во тоа што користат логичко обележување, такашто меѓусебанта конверзија може да се направи со голем степен на точност.) Тогаш вашиот кореспондент ќе може да го прочита вашиот текст користејќи интернет прелистувач.

2. Дали вашиот кореспондент има пристап до Postscript печатар? Во академска или бизнис средина тоа е многу веројатно. Во тој случај можете да испратите целосно форматирана верзија на вашито документ во форма на postscript датотека, која што може директно да биде испратена на печатачот. Истата може да се погледне и на екран со користење на програмот Ghostview (кој ебсплатно може да се симне од интернет).

3. Дали вашито кореспондент има „Acrobat Reader“, читач за Adobe PDF датотеки? (повторно, бесплатен програм) Ако има, можете да испратите PDF верзија на вашито документ.

Разгледувајќи ги опциите за испраќање текст по електронска пошта, веќе ја допревме и темата за подготовување текст наменет за интернет страни. Имате опција директно да пишувате HTML. Ако не го сакате тоа, можете да пишувате HTML индиректно преку користење соодветен едитор со графички кориснички интерфејс, како на пример Netscape Communicator. Секако, можете да креирате HTML со користење и на MS Word (во тој случај многоу лош HTML полн со непотребни ознаки кои го прават непогоден за едитирање со друга алатка). Ако работите со TeX можете лесно да ги конвертирате вашите документи во (чист и во согласност со стандардите) HTML.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.