elektronik sigara Празно зборување? - Page 15
LaTeX
LaTeX - Празно зборување? PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

 

5. Празно зборување?

Веројатно забележавте дека сум доста заинтересиран околу оваа тема. Да, сум. Поентата е дека не станува збор само за академска дебата меѓу алтернативни начини за подготовка на текст. Станува збор за вага кај која моќта и богатството на големите софверски компании е целосно на едната страна. Грубо кажано, соочени сме со ситуација во која MS Word е на пат да стане, за поголем дел од светот, единствен стандард за подготовка на документи на компјутер. Но Word поседува малку нешта што би можеле да го направат станадард, освен фактот дека е (или има аспирации да биде) стандард.

Сето ова помалку наликува на QWERTY. Ја знаете ли приказната? Зошто стандардниот распоред на копчињата на тастатурата на машините за пишување (а како продолжение на тоа и на комјутерските тастатури) е QWERTYUIOP во горниот ред? Тоа не бил првичнито распоред на копчињата.Тој бил дизјаниран со цел, имено, да го успори операторот. Проблемот бил во тоа што техниката на првите оператори бргу ги надмианла можностите на првите механички машинии за пишување: брз оператор можел да ги заглави копчињата удирајќи ги побрзо отколку што тие можеле да се вратат откако ќе удреле во лентата на машината. QWERTY е распоред на копчињата кој не дозволува да се пишува толку брзо. Овој распоред е очигледно непогодоен за електронските тастатури, но сега е прекасно да се смени. QWERTY е стандард и сите обиди да се рационализира тастатурата пропаднале соочени со таа реалност.

Слично на ова, мојата дискусија е дека MS Word нема право да биде стандард за подготовка на документи, бидејќи е очигледно неефикасен (за повеќето намени) отколку лесно достапните алтернативи. Се надевам дека не е предоцна во овој случај, дека сеуште постои можност да се каже „Не“ на Word. Всушност, на некој начин, Word е полош од QWERTY: тој не е вистински стандарт, туку повеќе ескалатор. „Стандардот“ на Microsoft за бинарно претставување на форматот на документите е нешто што е променливо зависно од волјата на Microsoft. Квази-монополот на MS Word е прозивод на квази-монополот на Microsoft Windows (тема во која нема да навлегувам во оваа прилика). И се додека не се силно притиснати од комерцијалната конкуренција, Microsoft нема посебен интерес да воспостави било каков долготраен стандард за бинарно претставување на форматирањето. Напротив, ти имаат силен интерес да ве присилуваат постојано да го „надградувате“ Word. Лелееее, Word N.0 не сака да го прочита документот што ви го испратил вашиот колега кој користи N+1? Па, тогаш подобро да ја инсталирате новата верзија, нели? Дури и ако N+1 нема карактеристики кои веќе не ги има и во N, а кои би ви биле потребни.

Allin Cottrell,

Professor and Chair,

Department of Economics, Wake Forest University

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.