elektronik sigara Злата на WYSIWYG - Page 5
LaTeX
LaTeX - Злата на WYSIWYG PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

 

2.2. Злата на WYSIWYG

Овие две активности во модерните WYSIWYG (“What You See Is What You Get”) текст процесори се споени во една. Го пишуваш својот текст и во исто време текстот се прикажува на екранот, негова конкретна претстава која наводно би требало да биде блиска со она што ќе го видиш кога ќе го отпечатиш документот на печатач (иако од повеќе причини тоа не е секогаш така). Всушност, текстот континуирано се средува како што го внесуваш во комјутерот. На прв поглед ова може да изгледа многу згодно; погледнато одблизу тое проклетство. Постојат три аспекти за ова:

1. Вниманието на авторот е одвлечено од вистинската работа - да го пишува текстот, кон правење дизајнерски одлуки за кои тој/таа веројатно не е експерт („играње со фонтови и маргини“ место да се сконцентрира на содржината)

2. Алгоритмот за средување на текстот кај WYSIWYG текстуалните процесори го жртвува квалитетот за сметка на брзината која е потребна за континуирано средување и прередување на текстот што го внесува корисникот. Крајниот производ е многу инфериорен во однос на оној на професионалните програми за средување.

3. Корисникот на текстуален процесор е под силно искушение да ја изгуби од предвид логичката структура на текстот и да го замени тоа со површни типографски елементи.

Првите две точки се јасни сами по себе. Дозволете ми да ја дообјаснам третата. (Нејзиното значење зависи од видот на документот кој е предмет на разгледување)

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.