elektronik sigara Структура на документот - Page 6
LaTeX
LaTeX - Структура на документот PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

2.3. Структура на документот

Да го земеме за пример насловот на едно поглавје. Што се однесува до логичката структура на еден документ, единствено нешто што е битно е дека одреден дел од текстот треба да биде накако „означен“ како наслов на поглавје. На пример може да се напише \section{Текст на насловот}. Како ќе бидат насловите на поглавјате претставени од типографски аспект во печатената верзија е сосема друго прашање. Но, кога користиш текстуален процесор, она што го гледаш е (сé!) што добиваш (What you see is what you get). Принудени сте да решавате и за изгледот на вашиот наслов во исто време кога го пишувате.

Да претпоставиме дека сте одлучиле дека сакате вашиот анслов да биде за задабелени букви и малку поголеми од остатокот на текстот. Како ќе го постигнете овој изглед? ПОстојат повеќе начини да се постигне тоа, но за повеќето луѓе најочигледен и интуитивен начин (во функција од целиот WYSIWYG пристап) е да се испише текстот на насловот, да се означи, да се кликне на иконата за задебелени букви, да се кликне на изборникот за големина на буквите и да се одбере поголема вредност. Насловот е сега со задебелени и поголеми букви.

Одлично! Но што кажува дека тоа е наслов? Нема ништо во вашиот документ што логично идентификува дека тој дел од текстот е наслов на поглавје. Да претпоставиме дека по некој ден решавате дека всушност претпочитате вашите наслови да бидат со искосени букви или нумерирани со римски броеви или централно поредени или било којоа друга промена. Би сакале да можете да кажете „Те молам направете ги тие-и-тие промени во насловите на поглавјата“. Но ако сте ја примениле постапката за средување на текстот што е опишана погоре, ќе треба да одите низ целиот текст и рачно да ги направите сите промени.

Сега, постои начин да се посочи улогата на деловите од текстот и во (на пример) Microsoft Word. Можете, ако сте внимателни, да постигнете да правите такви промени како што е изгледот на насловите со само една наредба. Но мал број на корисници на Word го користат ова конзистентно, што не е ништо чудно: WYSIWYG пристапот не ги поттикнвуа корисниците да мислат на структурата. Можете лесно – премногу лесно – да „одглумите“ структура преку наредбите за форматирање. Од друга страна, кога некој го пишува својот текст користејќи текстуален едитор, потребата од означување на структурта се наметнува сама по себе.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.