elektronik sigara Текстуални едитори - Page 7
LaTeX
LaTeX - Текстуални едитори PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

 

2.4. Текстуални едитори

ОК, веројатно е време што е текстуален едитор и во што се разликува од текстуален процесор. Современ текстуален едитор донекаде наликува на текстуален процесор. Ги има вообичаените алатки како менија и/или икони за функциите како што се отворање и снимање на датотеките, пребарување на текстот, замена на текст, проверка на правописот и т.н. Но нема функции за форматирање. Текстот што го пишувате се појавува на екранот во јасна визуелна претстава но нема никаква намена да го претстави крајниот изглед на документот.

Кога ќе го снимите вашиот документ тој е снимен во форма на чист текст, што во САД обично значи “ASCII” (the American Standard Code for Information Interchange). ASCII е составен од 128 знаци (ова понекогаш се нарекува 7-битен сет на знаци, бидејќи бара 7 бинарни цифри за кодирање: 2 на степен 7 = 128). Тој ги вклучува бреовите 0 до 9, латинската азбука со големите и мали букви, стандардните интерпункциски знаци и одреден број специјални знаци. ASCII е најмалиот заеднички содржател на текстуалната комуникација во дигитална форма. ASCII порака ќе биде „разбирлива“ од било кој компјутер во светот. Ако пратите таква порака може да бидете сигурни дека примачот ќе го види точно она што сте го напишале.

Спортивно на ова, кога ќе снимите фајл од текст процесор, фајлот содржи разновидни „контролни“ симболи кои не се ASCII. Овие симболи го претставуваат форматирањето кое сте го примениле (на пример задебелени или искосени букви) како и различните внатрешни „работи“ поврзани со механиката на текстуалниот процесор. Тие не се универзално „разбирливи“. За да може да се разбере нивниот смисол потребен ви е примерок од истот текстуален процесор со кој бил создаден документот (или некој соодветен филтер за конверзија). Ако отворите документ од текстуален процесор со текстуален едитор ќе видите (освен текстот или делови од него) и многу „останати работи кои чудно изгледаат“: тоа е кодот за бинарно форматирање.

Бидејќи текстуалниот едитор не вменува никакви кодови за бинарно форматирање, ако сакате да претставите карактеристики како што се на пример искосени букви, мора тоа да го направите преку посебно ознаки. Тоа значи дека впишувате ознаки (користејќи единствено ASCII) кои ќе му кажат на средувачот да го направи означениот текст со искосени букви. На пример, за средувачот LaTeX (повеќе за тоа подолу) би напишале \textit{текст што сакате да е искосен}. Всушност, ако користите текстуален едитор кој е наменет за LaTeX нема да морате ознаката да ја впишувате рачно. Би впишале само некој кратка секвенца од знаци, би одбрале од мени или би кликнале на иконка и соодветната ознака би била вметната; механиката на пишување на ASCII документии соодветни за обработка со LaTeX не е многу поинаква од пишувањето во современ текстуален процесор.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.