elektronik sigara Средувачот - Page 9
LaTeX
LaTeX - Средувачот PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

 

2.6. Средувачот

Во овој момент ви должам малку повеќе детали во однос на улогата на средувачот во стратегијата која ја застапувам. Нема да навлегувам во технички детали, но ќе се обидам да кажам доволно за да ви дадам идеја за што тоа зборувам.

Основниот програм за средување на кој мислам се вика TeX, и беше напишан од Donald Knuth од Stanford University. TeX е достапен бесплатно (преку превземање од многу броните интернет страни), во формати кои одговараат за скоро секога компјутерска платформа. (Можете, ако саката, да купите CD со сите датотеки на TeX за многу скромна цена). Knuth започнал со работа на TeX во 1977; во 1990 тој објавил дека веќе нама намера да го развива програмот – не заради непројавен интерес, туку пред се заради тоа што до тогаш веќе програмот во основа бил совршен. Тој е безгрешен до мера колку што еден комјутерски програм може да биде и перфектно ја врши работата на средување и форматирање на скоро секаков пишан материјал, од едноставен текст до виша математика.

Погоре во текстот го спомнав LaTeX. Ако TeX е основниот програм за средување и форматирање, LaTeX е голем сет од макроа, во почеток развивани од Leslie Lamport во 80тите години на минатиот век, а сега одржувани од меѓународна група експерти. Овие макроа го прават полесен животот на просечните корисници на системот. LaTeX сеуште активно се развива и нови можности и пакети се надградуваат врз основниот средувач. Исто така во развој се и различни додатоци за TeX, како што се систем што овозможува креирање на PDF (“Portable Document Format” на Adobe) датотеки директно од изворните ASCII датотеки. (Велам „во развој“ но под тоа смао подразбирам дека тие постојано се унапредуваат. Програмите се веќе многу стабилни и со сите можности.)

Како што споменав погоре, вие му ја означувате на LaTeX посакуваната структура и формат на вашиот документ преку сет на ознаки. Има многу книги (и интернет водичи) кои ги даваат деталите за овие ознаки и затоа овде нема да се задржувам на нив. Највообиачените ознаки се едноставни и лесни за паметење, а освен тоа дополнителна помош ви нудат и текстуалните едитори специјализирани за LaTeX (кои ги има во голем број).

Една од најатрактивните можности на LaTeX е способноста да драстично, но конзистентно, да го смени изгледот на вашито текст со само неколку наредби. Севкупниот изглед е конотролиран од:

1. „Класата на документот“ која ќе ја одберете (на пр. извештај, писмо, напис, книга)

2. „Пакетите“ или датотеките со стилови кој ќе одлучите да ги употребите

Можете, на пример, целосно да го смените фонтот (конзистентно низ целиот текст, насловите на поглавјата, фуснотите и т.н.) и/или да ги смените големините на буквите, преку промена на само еден или два параметри во „заглавието“ на вашата ASCII изворна датотека. Слично на ова, можете целиот текст да го ставите во две колони, или да го завртите од вертикална во хоризонтална положба. Можеби е возможно да направите нешто слично и во текстуален процесор, но главно тоа е многу потешко и имате далеку поголема шанса да расипете нешто и да внесете насакани неконзистентности во форматот.

Користејќи го LaTeX можете да одите во комплексности колку што ќе посакате. Можете да одберете и само да ја дефинирате класата на документот, а се останато да оставите на стандрадните макроа. Овој пристап главно води кон добри резултати чиј квалитет е на многу повисоко ниво од било кој текстуален процесор. (Секако, работите како нумерирањето на насловите, поднасловите и фуснотите, повикувањето на слики, табели, формули, автори и сл. се одвиваат автоматски.) Или може да прифатите „поинтервенистички“ пристап, вчитувајќи различни пакети (дури и да сами да напишете свој) за да контролирате различни аспекти на форматирањето. Ако е тоа вашата намера, може да направите навистина убав и индивудиален резултат.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.