elektronik sigara Да ставиме се на куп - Page 10
LaTeX
LaTeX - Да ставиме се на куп PDF Печати Е-пошта
Индекс на артиклот
LaTeX
1. Тврдење
2. Печатени документи
2.1. Составување и средување
2.2. Злата на WYSIWYG
2.3. Структура на документот
2.4. Текстуални едитори
2.5. Способностите на ASCII
2.6. Средувачот
2.7. Да ставиме се на куп
3. Дигитална десеминација
3.1. Едноставни документи
3.2. Комплексни документи
4. Квалификација
5. Празно зборување?
Сите страни

2.7. Да ставиме се на куп

Дозволете ми да ви дадам накратко идеја за тоа како сето ова функционира. Ако имате се шо е потребно за користење на TeX, работите одат вака: Го пишувате својот текст во едитор наменет за TeX. Можете да ги внесувате ознаките директно или преку менијата и алатниците на едиторот. Кога ќе дојдете до момент кога сакате да ја видите средената и форматирана верзија на вашито текст, одбирате од менито или алатниците опција со која го повикувате средувачот. Друга опција од мениот или алатникот ќе го повика прегледувачот во кој го гледате текстот онака како што ќе се појави на печатачот. Всушност ова е вистинскиот WYSIWYG – прегледувачот ќе би прикаже многу точна претстава на отпечатокот. Можете да зумирате, да ги вртите страните и т.н. Потоа го исраќате резултатот на печатачот или се враќате на понатамошно пишување.

Во друго момент од процесот ќе посакате да го видите дополнетиот текст. Кликнете повторно на копчето кое го повикува средувачот. Овојпат немора да го повикувате прегледувачот: ако не сте го затвориле претходниот пат сега тој автоматски ќе ја прикаже новата верзија. Кога ќе завршите со пишувањето можете да ја избришете форматираната верзија на текстот и со тоа да заштедите простор на дискот. Треба да ја зачувате само влезната ASCII датотека; форматираната верзија лесно може повторно да се добие кога и да ви затреба.

 



Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.