elektronik sigara Лична карта - Градежни материјали
Лична карта - Градежни материјали PDF Печати Е-пошта

 

Предмет:                 ГРАДЕЖНИ  МАТЕРИЈАЛИ  2016/17

Фонд на часови:  3 + 2

Наставник:             проф. д-р Тодорка Самарџиоска

Соработник:           м-р Весна Грујоска

                                    тел: 3116 066 (218)

                                    e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Обврски кон наставата и начин на оценување:

*      Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент, која се оценува со5%.

*      Во текот на семестарот студентите изработуваат семинарска работа, која се оценува со поени од 0 до 15 и учествува со 15%во формирањето на завршната оценка по предметот.    

*      Во текот на семестарот секој студент треба да изработи 3 домашни задачи, кои се задаваат на часовите по вежби, а се предаваат следната недела пред почетокот на часовите по предавања. Сите домашни задачи носат ист број на поени, од 0-5. Максималниот можен број на поени, 3х5=15 поени, учествуваат со 15%во формирањето на завршната оценка по предметот.

*      Во текот на семестарот проверката на знаењето се врши со два колоквиуми. Секој колоквиум се оценува со поени од 0 до 20 и тие учествуваат со 40%во формирањето на завршната оценка по предметот.

*      Услов за добивање на потпис по предметот и излегување на завршниот испит е да се соберат најмалку 40%според претходните точки.

*      Во текот на семестарот студентите може да освојат максимум 75 поени.

*      Завршниот испит се оценува со поени од 0 до 25 и учествува со 25%во формирањето на завршната оценка по предметот. Завршниот испит е незадолжителен и истиот може да го полагаат студенти кои не се задоволни со освоените бодови во текот на семестарот, односно сакаат повисока оценка. Потребни се минимум 13 поени од завршниот испит за тој да се смета за положен и освоените поени да се додадат на вкупно освоените преку семестарот.

*      Студентите кои сакаат повисока оценка од освоената преку семестарот, може да полагаат завршен испит само во двата рока од јануарската испитна сесија.   

*      Табела за добивање на завршна оценка по предметот:

Вкупно проценти

51- 60

61- 70

71- 80

81– 90

91- 100

оценка

6

7

8

9

10

 

Можност за дополнително извршување на неизвршените обврски во текот на семестарот (ненавремено предавање на домашните задачи, семинарската задача или непојавување на колоквиум) нема да постои. 

Последно освежено ( Понеделник, 28 Ноември 2016 21:11 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.