elektronik sigara Историјат
Историјат PDF Печати Е-пошта

Со основањето на Техничкиот факултет во Скопје во 1949 година, тој во себе првобитно вклучува две целини: Архитектонски и Градежен оддел. Во рамките на Градежниот оддел е формирана и КАТЕДРАТА за техничка механика, јакост на материјалите, статика на градежни и инженерски конструкции и теорија на еластичност. Основоположник на Катедрата е д-р Петар Серафимов, а како прв негов асистент е избран Јордан Миладинов, кој во периодот од 1950 до 1952 година работи како хонорарен асистент, а потоа до 1956 година како редовен асистент. Една година по формирањето на факултетот, предметот јакост на материјалите го предава проф. Јуре Ерега од Загреб. Подоцна, како хонорарни асистенти се ангажирани Свето Прокопиев и Кочо Китановски а како редовен асистент Киро Вчков кој останува на факултетот до 1957 год.

 

 

 

Со основањето на Техничкиот факултет во Скопје во 1949 година, тој во себе првобитно вклучува две целини: Архитектонски и Градежен оддел. Во рамките на Градежниот оддел е формирана и КАТЕДРАТА за техничка механика, јакост на материјалите, статика на градежни и инженерски конструкции и теорија на еластичност. Основоположник на Катедрата е д-р Петар Серафимов, а како прв негов асистент е избран Јордан Миладинов, кој во периодот од 1950 до 1952 година работи како хонорарен асистент, а потоа до 1956 година како редовен асистент. Една година по формирањето на факултетот, предметот јакост на материјалите го предава проф. Јуре Ерега од Загреб. Подоцна, како хонорарни асистенти се ангажирани Свето Прокопиев и Кочо Китановски а како редовен асистент Киро Вчков кој останува на факултетот до 1957 год.

Во 1959 година, во рамките на Техничкиот факултет во Скопје, се формираат уште два оддела: Електро-машински и Технолошко-металуршки. Во тоа време, Катедрата ја покрива наставата по предметите: техничка механика I и II, јакост на материјалите I и II, статика на градежни конструкции, статика на инженерски конструкции и теорија на еластичност на сите оддели на факултетот. Во 1959 год. како редовен асистент се вработува Александар Ангелов а во 1961 год. Владимир Симонче и Томислав Папеш, кој набрзо потоа заминува од факултетот. Во тоа време како хонорарни асистенти биле ангажирани Милорад Филиповски, Јаким Петровски и Трифун Паскалов.

Во 1965 година од четирите оддели на Техничкиот факултет се формираат одделни факултети. Еден од нив е и Архитектонско-градежниот факултет со два оддели: Архитектонски и Градежен. Со новата поставеност на Архитектонско-градежниот факултет во 1965 година, катедрата се дели на две катедри: Катедра за техничка механика и јакост на материјалите и Катедра за теорија на конструкции.

Катедрата за техничка механика и јакост на материјалите ја покрива наставата на Градежниот и на Архитектонскиот оддел на Архитектонско-градежниот факултет. Во наставниот процес на Градежниот оддел учествуваат проф. Јордан Миладинов и Марко Гугуловски, избран за редовен асистент во март 1965 год. Наставата, по предметите од Катедрата, на Архитектонскиот оддел ја покриваат проф. Тиберие Киријас и асист. Лилјана Атанасова, избрана во 1961 год. Во 1967 год. за асистент на групата предмети е избран Гоче Поповски кој од јуни 1968 год. преминува да работи во Институтот за студии и проектирање на Г.П. Бетон. Во 1968 год. во редовен работен однос, како асистенти се избрани Марија Велинова-Соларова на Градежниот оддел и Владимир Симовски на Архитектонскиот оддел. Во 1969 год., за асистент на групата предмети на Катедрата на градежниот оддел е избрана Борка Сибиновиќ-Велкова. Во 1971 год. за асистенти се примени Иштван Кладек на Градежниот оддел, кој останува на Катедрата до септември 1974 год. кога преминува во ИЗИИС-Скопје, и Атанас Аврамовски на Архитектонскиот оддел, кој од ноември 1978 год. се вработува исто така во ИЗИИС-Скопје. Како хонорарни асистенти на Катедрата во 1972 год. е примен Љупчо Лазаров , а на почетокот на 1973 год. Светлана Петковска Ончевска. Обајцата се последни редовно избрани асистенти во рамките на Архитектонско-градежниот факултет во 1973 год.

Во 1977 год., со формирањето на Универзитетскиот центар за математичко технички науки (УЦМТН), доаѓа до преструктуирање на Архитектонско-градежниот факултет при што двата оддели се организираат како два засебни факултети: Архитектонски факултет и Градежен факултет.

Катедрата за техничка механика и јакост на материјалите при Градежниот факултет во Скопје станува матична катедра за наставните дисциплини механика, јакост на материјалите, еластичност и пластичност и стабилност. Матичноста на дисциплините механика II и осцилации му е доделена на Машинскиот факултет во Скопје. УЦМТН функционира во рамките на Универзитетот “Кирил и Методиј” во периодот 1977-86 година кога, поради воведување на матичност на дисциплините, од други факултети на УЦМТН на Градежниот факултет преминуваат: проф. Тодор Бранов од Технолошко-металургискиот факултет, доц. Љубица Шариќ-Стрезоска од Машинскиот факултет, вонреден професор Лилјана Атанасова-Коцева и асист. Владимир Симовски од Архитектонскиот Факултет. Во 1985 година, најпрво како надворешен соработник, а од 1986 година и како помлад асистен, е избрана Мери Мирчевска. Во 1988 година Илиос Вилос е избран за помлад асистент за групата предмети на Катедрата и останува на работа на Градежниот факултет до октомври 1992 год. кога преминува на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола. Со реформските преструктуирања на Универзитетот и укинувањето на УЦМТН, во 1990 година на Архитектонскиот факултет се враќаат проф. Лилјана Атанасова-Коцева и проф. Владимир Симовски. Во 1996 година, најпрвин како стручен соработник, а во 1997год. и како помлад асистент е избрана Тодорка Самарџиоска. На почетокот на 1998 година, како надворешен соработник е избран Владимир Витанов, кој подоцна, во декември 1999 година е избран за помлад асистент. Во почетокот на 2002 год., од месец февруари, како надворешен соработник е избран Коце Тодоров.

Последно освежено ( Четврток, 30 Октомври 2008 10:15 )
 

Покренато од Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.