elektronik sigara Вон.Проф. д-р Мери Цветковска
Вон.Проф. д-р Мери Цветковска Печати
mcvetkovskaтел:

+389 2 3116 066/118

+389 2 3116 066/102

е-mail:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Адреса:

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“,Градежен факултет – Скопје,

бул. „Партизански одреди“ бр.24,

1000 Скопје, Р.Македонија, П.фах 560

Предмети:

Додипломски студии

Постдипломски студии





Кратка биографија

Д-р Мери Цветковска, дипл.град.инж., вонреден професор на Катедрата по техничка механика и јакост на материјалите. Родена е 08.03.1961 год. во Штип, Р. Македонија. Дипломира на Градежниот факултет во Скопје, во 1984 год. Во 1986 год. избрана е во звањето помлад асистент и учествува во изведувањето на вежбите по предметите: Техничка механика, Техничка механика I, Техничка механика II и Јакост на материјалите. Магистрира во 1993 год. Истата година избрана е во звање асистент. Во 2002 год. ја одбранува докторската теза и се стекнува со научен степен доктор на технички науки. Во 2003 год. избрана е во звање доцент на истата катедра и од изборот до денес држи предавања по предметот Статика, на I циклус студии по градежништво, додека на II циклус студии по градежништво држи предавања по предметите Пожарна отпорност на АБ конструкции и Енергетска ефикасност на градежните објекти. Од јуни 2007 год. избрана е за визитинг професор на постдипломските студии на Универзитетот во Црна Гора, Градежен факултет-Подгорица, за предметот "Пожарна отпорност на конструкциите". Резултатите од истражувачката работа, претежно од областа на нелинеарната анализа на однесувањето на армиранобетонските елементи и конструкции во услови на пожар, што претставува нејзина потесна специјалност, ги објавува во 36 труда, публикувани во домашни научни списанија и зборници од научни симпозиуми и конференции одржани во Македонија и во странство. Учествува во 9 научноистражувачки проекти. Апликативната дејност ја реализира со изработени над 30 стручни труда.


Објавени научно-истражувачки трудови:

[1] M.Cvetkovska, L.Lazarov, “Fire Resistance Analysis of Reinforced Concrete Frame Structure” JDGK 11 Kongres, Vrnjacka Banja, Jugoslavija, 2002, Volume 2, pp.245-250

[2] M.Cvetkovska, "Nonlinear Stress Strain Behaviour of RC Elements and RC Frames Exposed to Fire" MASE Award, 10-th International Symposium of Macedonian Association of  Structural Engineers - MASE, Ohrid, Macedonia, September 2003, Volume 1, PR-7     

[3] M.Cvetkovska, L.Lazarov, "Nonlinear Stress Strain Behaviour of RC Columns Exposed to Fire" 2nd International Conference, Lifetime-Oriented Design Concepts, Ruhr-Universitat Bochum, Germany, March 2004

[4] M. Cvetkovska, L. Lazarov, "Nonlinear Stress-Strain Behaviour of RC Elements Exposed to Fire", Improvement of Building’ Structural Quality by New Technologies, Improvement of Building’ Structural Quality by New Technologies, COST C12 Final Conference Proceedings, Innsbruck, Austria, January 2005

[5] M. Cvetkovska, Lj. Lazarov, "Examination, Assessment and Repair of RC Structure of Building Damaged in Fire”, Internacionalni naucno-strucni skup: Gradjevinarstvo-Nauka i Praksa, Zabljak, Crna Gora, Februari 2006

[6] M. Cvetkovska "Nonlinear and transient thermal response of outlet tunnel of arch dam Sv.PETKA-SKOPJE”, International Conference 2006 - Contemporary Problems in Civil Engineering, Subotica, Srbija, June 2006

[7] M. Cvetkovska, Z.Manov, L. Lazarov, “Numerical and experimental determination of residual concrete strength after action of fire”, INDIS 2006-Planning, Design, Construction and Renewal in the Construction Industry, Novi Sad, Srbija, November 2006

[8] Mihajlov. V., Harte R., Cvetanovski P., Cvetkovska M., “Model for 3D Analyses of Frame Structures Exposed to Fire”, Internacionalni conference: Civil Engineering-Science and Practice, Zabljak, Crna Gora, January 2008 (in English)

[9] Zileska Pancovska V., Cvetkovska M., “Macedonian Civil Engineers as Construction Project Managers“, 8th International Conference: Organization, Technology and Management in Construction, Organized from: SENET and IPMA-International Project Management Association, Umag, Republic of Croatia, September, 2008, pg. 61

[10] Cvetkovska M., Cvetanovski P., Mihajlov V., “Fire resistance curves for RC columns”, Proceedings of International Conference-Applications of Structural Fire Engineering, Prague, 19-20 February 2009, pp 196-202


Научно истражувачки проекти:

[1] Љ.Лазаров, М.Цветковска, Л.Денковска, “Однесување на армирано-бетонски столбови при непропорционална варијација на аксијална и попречна сила”,  Министерство за образование и наука на Р. Македонија, 2002 год.

[2] Љ.Лазаров, М.Цветковска, “Кабловски мрежи и кабловски решетки на еластични потпори”, Министерство за образование и наука на Р Македонија, 2003 год.

[3] International scientific-reserch Project COST C12 - „Improvement of building’s structural quality by new technologies, Structural Integrity under Exceptional Actions“. 2002-2004

[4] Љ.Лазаров, М.Цветковска, “Пожарна отпорност на армиранобетонски рамовски конструкции“, Министерство за образование и наука на Р Македонија, 2006 год.

[5] Љ.Лазаров, М.Цветковска, Т.Самарџиоска, “Покривни конструкции од претходно затегнати жичани јажиња покриени со двострано растегната PVC мембрана”, Развоен проект со Лапласт-М, Министерство за образование и наука на Р.Македонија, 2007 год.

[6] International scientific-reserch Project COST C26 - „Urban habitant constructions under catastrophic events“. 2008-2010


Стручни трудови и експертизи:

[1] Главен проект за конструкцијата на објектот „Административно-деловен објект-Бонум“ во Скопје, април 2005

[2] Главен проект за конструкцијата на објектот „Индивидуална станбена зграда на ул. ‘Огњан Прица’ бр.15 во Скопје“, мај 2005

[3] Анализа на степен на оштетеност и Проект за санација на опожарениот дел од конструкцијата на објектот „Станбена кула К2-Карпош IV, Скопје“, мај 2005

[4] Изведбен проект за санација на објект “Подрачна единица на Фонд за ПИОМ-Гевгелија, подрачна единица ФЗО-Гевгелија“, јуни 2007

[5] Ревизија на изведбен проект „Потпорни зидови од армирана земја кај Хотел Сплендид, Будва, Црна Гора, мај 2008

[6] Технички преглед – ревизија на Основен проект за контрола на носивост и зајакнување на објект „Софтверски центар SEAVUS- Блок 1 и 2“, Скопје, Септември 2008

[7] Технички преглед – ревизија на Православен храм на плоштад Македонија во Скопје, 2008

[8] Експертиза за степен на оштетеност на опжарена конструкција на Ладилник од 4500т. – Зик Скопско поле-Скопје, 2008

[9] Технички преглед – ревизија на Основен проект на Спомен куќата на Тодор Проевски во Крушево, Јануари 2009

[10] Стручно мислење за оценка на состојбата и проект за санација на конструкцијата на опожарениот објект „-100 Т-010“ во Окта-Рафинерија за нафта-Скопје, јануари 2009


Објавени книги, скрипти и публикации:

[1] Печатени предавања по предметот „Статика“, 2005

[2] Печатени предавања по предметот „Пожарна отпорност на АБ конструкции“, 2008


Членство и функции во научни и стручни институции и организации:

[1] Продекан за настава и наука на Градежниот факултет во Скопје

[2] Член на Советот на Институтот за стандардизација на Р.Македонија

[3] Претседател на Техничкиот Комитет ИСРМ ТК 23-”Заштита на објекти од пожар”.

[4] Извршен секретар и член на Друштвото на градежните конструктори на Македонија (ДГКМ)

[5] Заменик-претседател на невладината организација „Инженери без граници-Македонија“

[6] Член на Издавачкиот совет на списанието за архитектура, градежништво и екологија „Порта 3“

[7] Член на Друштвото на механика на Македонија (ДММ)


Признанија:

[1] Најдобар дипломиран студент на Градежниот факултет во Скопје за учебната 1983/84, признание на Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

[2] Признание за најдобро остварување во градежното конструктерство за научноистражувачкиот труд „Однесување на армиранобетонски елементи и линиски конструкции во услови на пожар“, доделено од Друштвото на градежните конструктори на Македонија, септември 2003.

 

Последно освежено ( Сабота, 26 Септември 2009 15:13 )