elektronik sigara LaTeX
LaTeX Печати
Дали ви е познато дека МS Word не е единствената алатка за работа со текст? Дали знаете дека на Oxford, Berkeley, MIT и.т.н. за таа намена користат софтвер кој е направен од професор на Stanford University, Imperial College London нуди курс за негова употреба, а авторот нуди парична награда за оној кој ќе пронајде грешка во него? Притоа, софтверот е бесплатен, достапен на интернет заедно со помошта и поддршката на огромната база корисници ширум светот.

Можеби е време да кажетe „Не“ на Word.

 

Во продолжение е даден преводот од англиски на еден од најчитаните и најцитирани трудови за оваа тема, чиј автор е Allin Conttrell, професор на Wake Forest University. Оригиналниот труд може да го погледнете ако кликнете овде.

 

 


Текст-процесори: глупави и неефикасни

1. Тврдење

Текст-процесорот е глупава и едноставна, неспособна алатка за средување на текст за комуникација. Ова твдење ќе се обидам да го објаснам подолу.

Веројатно ќе ви изгледа чудно на прв поглед. Ако сум против текст-процесорите, мислите дека предлагам да пишуваме рачно или да користиме машина за пишување? Не. Иако тие се едни од начините за пишување текст, ви тврдам дека повеќето од вас попрво би користеле компјутер, исто како и јас. Тврдам дека постојат многу подобри начини од текст-процесорот за пишување на текст користејќи компјутер.

Формулирањето на моето тврдење се чини провокативно, но да бидам јасен: кога кажувам дека текст-процесорот е глупав, не значи дека вие кои го користите овој процесор сте глупави. Јас ја критикувам технологијата, таа што е внимателно промовирана од повеќето софтверски трговци и што во суштина стана стандард во квалитет. Доколку не сте се погодиле во вистински време на вистинско место, вие сте веројатно неинформирани дека постои избор. Изборот не е промовиран од најголемите трговци од многу едноставна причина: како што ќе видиме другите алатки се бесплатни и лесно достапни.

Да почнеме со крајниот производ. Текстот што е наменет за соопштување идеи и информации може да биде доставен на два начини:

1. Како “hard copy”, кој е во форма на традиционални печатени документи

2. Во дигитална форма: електронска пошта, интернет страна, документ кој може да се гледа на екран

Постојат некои преклопувања. На пример, документот кој се подготвува за печатење може да биде дистрибуиран во дигитална форма, со надеж дека примачот има намера да го печати. Но да ги разгледаме овие две форми на доставување.

 


 

2. Печатени документи

Би сакале да го напишетет документот со вашата тастатура и да го имате убаво испечатено на вашиот печатач. Нормално, не сакате ова да се случува истовремено (материјалот да се печати во исто време додека пишувате). Би сакале прво да го напишете документот и да го снимате во дигитална форма. Би сакале да можете да го менувате, дополнувате и да го печатите кога ќе посакате. Секако тект-процесорот, Microsoft Word, како што е познат на пазарот е „нормален“ начин да се направи сето ова. Да, тоа е еден начин, но не е најдобриот. Зошто не?

 


2.1. Составување и средување

Подготовката на текстот за печатење користејќи текст-процесор во суштина ве принудува да комбинирате две задачи кои концептуално се различни и тоа, да се осигурате дека потрошеното време е најефективно искористено и дека конечниот производ е најдобар. Двете задачи се:

Составување на текстот. Со ова всушност мислам на изборот на зборови кои ќе ја претстават идејата и логичката структура текстот. Може да се усвојат различни форми во зависност од видот на документот. Тоа вклучува работи како: поделба на текст во пасуси, делови или поглавја, избор на тоа дали некој материјал ќе се појави како фуснота или во главниот текст, дополнување на специјални нагласувања на некои делови од текстот, претставување на некои делови од текстот како цитати, а не сопствени зборови на авоторот и т.н.

Средување на текстот. Ова се однесува на изборот на фонтот во кој ќе биде печатен текстот и начинот на кој визуелно ќе бидат претставени неговите конструктивни елементи. Дали текстот од насловот да е со потенцирани, големи или мали букви? Дали да се центрирани или порамнети лево? Дали текстот да биде порамнет или не? Дали забелешките да се појавуваат најдолу на страната или на крај? Дали текстот да биде во една или две колони? и.т.н

Авторот на текстот мора најпрво да се сконцентрира на првата од овие задачи. Тоа е работата на авторот. Славниот Адам Смит ги има истакнато големите придобивки од поделбата на работата. Составувањето и логичкота конструкција на текстот е специфичен авторски придонес во обработката на печатениот текст. Средувањето на текстот е средувачка работа. Оваа поделба на работите беше секако направена при традиционалното пишување книги и трудови во пред‑компјутерскиот период. Авторот пишува и на издавачот со различни напомени му ја потенцира логичката конструкција на текстот. Средувачот на текстот го преведува текстот на авторот во печатен документ, вклучувајќи ги логичките конструкции на авторот, во конкретен графички дизајн. Треба само да се замисли Џејн Остин како се мисли кој фонт да го стави на насловот на „Гордост и предрасуди“ и да се сфати колку е сето тоа бесмислено. Џејн Остин била голем писател, но не била дизајнер.

Може да мислите дека оваа нема врска со поентата. Делата на Џејн Остин се хитови и секој издавач би бил заинтересиран да ги среди и издаде. Вие и јас не сме толку среќни. Ако сакаме пречатено дело, мора сами да го средиме (а покрај тоа сакаме тоа да биде направено многу побрзо отколку на традиционалниот начин). Па, и да и не. На некој начин ние и ќе треба сами да го направиме (на нашите сопствени компјутери), но имаме многу помош на располагање. Посебно имаме на располагање програм со квалитети на професионален средувач. Овој програм (или збир од програми) за нас ќе го направи она што традиционалните средувачи го правеле за Шекспир, Џејн Остин или Сер Валтер Скот и тоа бесплатно и за неколку секунди, или делови од секундата. Само треба да му обезбедиме на програмот соодветно означен текст, како што тоа го правеле традициоаналните автори.

Затоа предлагам да има два јасно одделени „моменти“ при создавањето на печатен текст на компјутер. Прво, авторот го пишува својот текст посебно внимавајќи на неговата структура и истата ја означува со користење на едноставни ознаки. Ова се постигнува со користење на текстуален едитор, софтвер кој не треба да се поистоветува со текстуален процесор. (Појасно ќе ја објаснам разликата помеѓу нив подолу.) Потоа, автторот го „предава“ текстот на програм за средување текстови кој по многу кратко време дава го дава истиот текст убаво среден.

 


 

2.2. Злата на WYSIWYG

Овие две активности во модерните WYSIWYG (“What You See Is What You Get”) текст процесори се споени во една. Го пишуваш својот текст и во исто време текстот се прикажува на екранот, негова конкретна претстава која наводно би требало да биде блиска со она што ќе го видиш кога ќе го отпечатиш документот на печатач (иако од повеќе причини тоа не е секогаш така). Всушност, текстот континуирано се средува како што го внесуваш во комјутерот. На прв поглед ова може да изгледа многу згодно; погледнато одблизу тое проклетство. Постојат три аспекти за ова:

1. Вниманието на авторот е одвлечено од вистинската работа - да го пишува текстот, кон правење дизајнерски одлуки за кои тој/таа веројатно не е експерт („играње со фонтови и маргини“ место да се сконцентрира на содржината)

2. Алгоритмот за средување на текстот кај WYSIWYG текстуалните процесори го жртвува квалитетот за сметка на брзината која е потребна за континуирано средување и прередување на текстот што го внесува корисникот. Крајниот производ е многу инфериорен во однос на оној на професионалните програми за средување.

3. Корисникот на текстуален процесор е под силно искушение да ја изгуби од предвид логичката структура на текстот и да го замени тоа со површни типографски елементи.

Првите две точки се јасни сами по себе. Дозволете ми да ја дообјаснам третата. (Нејзиното значење зависи од видот на документот кој е предмет на разгледување)

 


2.3. Структура на документот

Да го земеме за пример насловот на едно поглавје. Што се однесува до логичката структура на еден документ, единствено нешто што е битно е дека одреден дел од текстот треба да биде накако „означен“ како наслов на поглавје. На пример може да се напише \section{Текст на насловот}. Како ќе бидат насловите на поглавјате претставени од типографски аспект во печатената верзија е сосема друго прашање. Но, кога користиш текстуален процесор, она што го гледаш е (сé!) што добиваш (What you see is what you get). Принудени сте да решавате и за изгледот на вашиот наслов во исто време кога го пишувате.

Да претпоставиме дека сте одлучиле дека сакате вашиот анслов да биде за задабелени букви и малку поголеми од остатокот на текстот. Како ќе го постигнете овој изглед? ПОстојат повеќе начини да се постигне тоа, но за повеќето луѓе најочигледен и интуитивен начин (во функција од целиот WYSIWYG пристап) е да се испише текстот на насловот, да се означи, да се кликне на иконата за задебелени букви, да се кликне на изборникот за големина на буквите и да се одбере поголема вредност. Насловот е сега со задебелени и поголеми букви.

Одлично! Но што кажува дека тоа е наслов? Нема ништо во вашиот документ што логично идентификува дека тој дел од текстот е наслов на поглавје. Да претпоставиме дека по некој ден решавате дека всушност претпочитате вашите наслови да бидат со искосени букви или нумерирани со римски броеви или централно поредени или било којоа друга промена. Би сакале да можете да кажете „Те молам направете ги тие-и-тие промени во насловите на поглавјата“. Но ако сте ја примениле постапката за средување на текстот што е опишана погоре, ќе треба да одите низ целиот текст и рачно да ги направите сите промени.

Сега, постои начин да се посочи улогата на деловите од текстот и во (на пример) Microsoft Word. Можете, ако сте внимателни, да постигнете да правите такви промени како што е изгледот на насловите со само една наредба. Но мал број на корисници на Word го користат ова конзистентно, што не е ништо чудно: WYSIWYG пристапот не ги поттикнвуа корисниците да мислат на структурата. Можете лесно – премногу лесно – да „одглумите“ структура преку наредбите за форматирање. Од друга страна, кога некој го пишува својот текст користејќи текстуален едитор, потребата од означување на структурта се наметнува сама по себе.

 


 

2.4. Текстуални едитори

ОК, веројатно е време што е текстуален едитор и во што се разликува од текстуален процесор. Современ текстуален едитор донекаде наликува на текстуален процесор. Ги има вообичаените алатки како менија и/или икони за функциите како што се отворање и снимање на датотеките, пребарување на текстот, замена на текст, проверка на правописот и т.н. Но нема функции за форматирање. Текстот што го пишувате се појавува на екранот во јасна визуелна претстава но нема никаква намена да го претстави крајниот изглед на документот.

Кога ќе го снимите вашиот документ тој е снимен во форма на чист текст, што во САД обично значи “ASCII” (the American Standard Code for Information Interchange). ASCII е составен од 128 знаци (ова понекогаш се нарекува 7-битен сет на знаци, бидејќи бара 7 бинарни цифри за кодирање: 2 на степен 7 = 128). Тој ги вклучува бреовите 0 до 9, латинската азбука со големите и мали букви, стандардните интерпункциски знаци и одреден број специјални знаци. ASCII е најмалиот заеднички содржател на текстуалната комуникација во дигитална форма. ASCII порака ќе биде „разбирлива“ од било кој компјутер во светот. Ако пратите таква порака може да бидете сигурни дека примачот ќе го види точно она што сте го напишале.

Спортивно на ова, кога ќе снимите фајл од текст процесор, фајлот содржи разновидни „контролни“ симболи кои не се ASCII. Овие симболи го претставуваат форматирањето кое сте го примениле (на пример задебелени или искосени букви) како и различните внатрешни „работи“ поврзани со механиката на текстуалниот процесор. Тие не се универзално „разбирливи“. За да може да се разбере нивниот смисол потребен ви е примерок од истот текстуален процесор со кој бил создаден документот (или некој соодветен филтер за конверзија). Ако отворите документ од текстуален процесор со текстуален едитор ќе видите (освен текстот или делови од него) и многу „останати работи кои чудно изгледаат“: тоа е кодот за бинарно форматирање.

Бидејќи текстуалниот едитор не вменува никакви кодови за бинарно форматирање, ако сакате да претставите карактеристики како што се на пример искосени букви, мора тоа да го направите преку посебно ознаки. Тоа значи дека впишувате ознаки (користејќи единствено ASCII) кои ќе му кажат на средувачот да го направи означениот текст со искосени букви. На пример, за средувачот LaTeX (повеќе за тоа подолу) би напишале \textit{текст што сакате да е искосен}. Всушност, ако користите текстуален едитор кој е наменет за LaTeX нема да морате ознаката да ја впишувате рачно. Би впишале само некој кратка секвенца од знаци, би одбрале од мени или би кликнале на иконка и соодветната ознака би била вметната; механиката на пишување на ASCII документии соодветни за обработка со LaTeX не е многу поинаква од пишувањето во современ текстуален процесор.

 


2.5. Способностите на ASCII

Приодот при кој прво го создавате вашиот текст со чист ASCII користејќи текстуален едитор, а потоа го форматирате со посебен програм, има некоилку „случајни“ предности.

1. Преносливост: Како што беше спомнато погоре, секој, користејќи било каква компјутерска платформа, ќе биде во состојба да го прочита вашиот означен текст, дури и ако немаат можност да ја видат или отпечатат финалната форматирана верзија. Спротивно на ова, фајлот од вашиот текстуален процесор Некој2000 ќе биде комплетно неразбирлив за приемачот кој ја нема истата марка и верзија на текстуален процесор како вас – освен ако тој/таа има големи комјутерски познавања и е во состојба да го извлече текстот од купот бинарно „ѓубре“. Истото ова кое се однесува на вас и вашиот кореспондент, се однесува и на самите вас со тек на време. Секако ќе имате проблеми да ги прочитате вашите датотеки Некој98 користејќи Некој2000 и обратно, но никогаш нема да имате проблем да прочитатe ASCII датотека.

2. Компактност: ASCII датотеките ги претставуваат вашите идеи, а не многуте „работи“ на текстуалниот процесор. Посебно за мали документи, фајловите на tekstualnite процесори можат да бидат и 10 пати поголеми во однос на соодветните ASCII фајлови за истата количина информации.

3. Сигурност: Приодот „текстуален едитор + средувач“ практично гарантира дека никогаш нема да имате проблем вашите фајлови да се расипат (освен да не ви се случи оштетување на тврдиот диск или некој сличен голем проблем). Изворниот текст секогаш ќе биде тука, дури и средувачот да падне од некоја причина. Ако редовно користите текстуален процесор и не сте имале проблем со расипана датотека, тогаш сте многу среќни!

 


 

2.6. Средувачот

Во овој момент ви должам малку повеќе детали во однос на улогата на средувачот во стратегијата која ја застапувам. Нема да навлегувам во технички детали, но ќе се обидам да кажам доволно за да ви дадам идеја за што тоа зборувам.

Основниот програм за средување на кој мислам се вика TeX, и беше напишан од Donald Knuth од Stanford University. TeX е достапен бесплатно (преку превземање од многу броните интернет страни), во формати кои одговараат за скоро секога компјутерска платформа. (Можете, ако саката, да купите CD со сите датотеки на TeX за многу скромна цена). Knuth започнал со работа на TeX во 1977; во 1990 тој објавил дека веќе нама намера да го развива програмот – не заради непројавен интерес, туку пред се заради тоа што до тогаш веќе програмот во основа бил совршен. Тој е безгрешен до мера колку што еден комјутерски програм може да биде и перфектно ја врши работата на средување и форматирање на скоро секаков пишан материјал, од едноставен текст до виша математика.

Погоре во текстот го спомнав LaTeX. Ако TeX е основниот програм за средување и форматирање, LaTeX е голем сет од макроа, во почеток развивани од Leslie Lamport во 80тите години на минатиот век, а сега одржувани од меѓународна група експерти. Овие макроа го прават полесен животот на просечните корисници на системот. LaTeX сеуште активно се развива и нови можности и пакети се надградуваат врз основниот средувач. Исто така во развој се и различни додатоци за TeX, како што се систем што овозможува креирање на PDF (“Portable Document Format” на Adobe) датотеки директно од изворните ASCII датотеки. (Велам „во развој“ но под тоа смао подразбирам дека тие постојано се унапредуваат. Програмите се веќе многу стабилни и со сите можности.)

Како што споменав погоре, вие му ја означувате на LaTeX посакуваната структура и формат на вашиот документ преку сет на ознаки. Има многу книги (и интернет водичи) кои ги даваат деталите за овие ознаки и затоа овде нема да се задржувам на нив. Највообиачените ознаки се едноставни и лесни за паметење, а освен тоа дополнителна помош ви нудат и текстуалните едитори специјализирани за LaTeX (кои ги има во голем број).

Една од најатрактивните можности на LaTeX е способноста да драстично, но конзистентно, да го смени изгледот на вашито текст со само неколку наредби. Севкупниот изглед е конотролиран од:

1. „Класата на документот“ која ќе ја одберете (на пр. извештај, писмо, напис, книга)

2. „Пакетите“ или датотеките со стилови кој ќе одлучите да ги употребите

Можете, на пример, целосно да го смените фонтот (конзистентно низ целиот текст, насловите на поглавјата, фуснотите и т.н.) и/или да ги смените големините на буквите, преку промена на само еден или два параметри во „заглавието“ на вашата ASCII изворна датотека. Слично на ова, можете целиот текст да го ставите во две колони, или да го завртите од вертикална во хоризонтална положба. Можеби е возможно да направите нешто слично и во текстуален процесор, но главно тоа е многу потешко и имате далеку поголема шанса да расипете нешто и да внесете насакани неконзистентности во форматот.

Користејќи го LaTeX можете да одите во комплексности колку што ќе посакате. Можете да одберете и само да ја дефинирате класата на документот, а се останато да оставите на стандрадните макроа. Овој пристап главно води кон добри резултати чиј квалитет е на многу повисоко ниво од било кој текстуален процесор. (Секако, работите како нумерирањето на насловите, поднасловите и фуснотите, повикувањето на слики, табели, формули, автори и сл. се одвиваат автоматски.) Или може да прифатите „поинтервенистички“ пристап, вчитувајќи различни пакети (дури и да сами да напишете свој) за да контролирате различни аспекти на форматирањето. Ако е тоа вашата намера, може да направите навистина убав и индивудиален резултат.

 


2.7. Да ставиме се на куп

Дозволете ми да ви дадам накратко идеја за тоа како сето ова функционира. Ако имате се шо е потребно за користење на TeX, работите одат вака: Го пишувате својот текст во едитор наменет за TeX. Можете да ги внесувате ознаките директно или преку менијата и алатниците на едиторот. Кога ќе дојдете до момент кога сакате да ја видите средената и форматирана верзија на вашито текст, одбирате од менито или алатниците опција со која го повикувате средувачот. Друга опција од мениот или алатникот ќе го повика прегледувачот во кој го гледате текстот онака како што ќе се појави на печатачот. Всушност ова е вистинскиот WYSIWYG – прегледувачот ќе би прикаже многу точна претстава на отпечатокот. Можете да зумирате, да ги вртите страните и т.н. Потоа го исраќате резултатот на печатачот или се враќате на понатамошно пишување.

Во друго момент од процесот ќе посакате да го видите дополнетиот текст. Кликнете повторно на копчето кое го повикува средувачот. Овојпат немора да го повикувате прегледувачот: ако не сте го затвориле претходниот пат сега тој автоматски ќе ја прикаже новата верзија. Кога ќе завршите со пишувањето можете да ја избришете форматираната верзија на текстот и со тоа да заштедите простор на дискот. Треба да ја зачувате само влезната ASCII датотека; форматираната верзија лесно може повторно да се добие кога и да ви затреба.

 


 

3. Дигитална десеминација

Претходната точка беше главно насочена кон добивање на убаво форматирен излез на печатач. Некои други аспекти се јавуваат кога подготвувате документ наменет за дигитално пренесување (електронска пошта, инетрнет страни и т.н).

Да видиме прво за елетронската пошта. Вообичаено луѓето ако сакаат да пратат кратка, ad hoc, порака тие ја пишуваат пораката директно во програмот за електронска пошта, било тоа да е „традиционален“ програм како Pine или програм со GUI (Графички кориснички интерфејс), како што се Netscape или Eudora. Во тој случај поракате најверојатно ќе биде испратена во форма на ASCII (или можеби HTML, т.е. HyperText Mark-up Language, јазикот на интернет страните, кој и самиот е составен главно од ASCII). Но што ако сакате да пратите подолг текст кој веќе сте го подготвиле независно од вашиот програм за електронска пошта?

За таа цел се повеќе е вообичаено да се „прикачи“ документот во форматот на текстуалниот процесор. Како во овој случај функционира алтернативната стратегија?

Па, мора да разграничиме две ситуации: Дали текстот е релативно краток и некомплициран (меморандум, писмо, дневен ред за состанок, листа од агенда, временски распоред при посета) или е покомплексен (академски труд – можеби со многу математика, извештај со илустрации, ракопис на книга)? Пристапот „ASCII + средувач“ води кон различни предлози за овие два случаи.

 


3.1. Едноставни документи

Кај едноставните документи, мора да прашаме: Дали навистина ни е потребен форматот, информициите за фонтовите и сето тоа? Дали не е поефикасно, повеќе во интерес на ефективна и економична цомуникација едноставно да се прати ASCII текст, со минимално форматирање кое го дозволува ASCII? Ова од една страна го ја штеди пропусната моќ на комуникацијата (сетете се дека датотеките на текстуалните процесори се многу поголеми од ASCII кои го содржат истиот текст), а од друга страна обезбедуваат никој да не биде исклучен од комуникацијата затоа што не го користи Некој2000. Можете да прикачите ASCII датотека, напишана во текстуален едитор, на ист начин како што би прикачиле и датотека од текстуален процесор, или едноставно можете да ја вметнете во самата порака (бидејќи не е ништо други отколку едноставен текст). Бидејќи TeX датотеките не исклучиво ASCII и ако разговараме за едноставен документ, нема да има премногу ознаки, а и тие се доста јасни, па мозе да се третираат на истиот начин.

 


 

3.2. Комплексни документи

Подолгите и покомплицирани документи се поедноставни за читање кога се во дефинитивна форма. Математичките изрази може тешко дас е пренесат со користење на ASCII, а комплексните дијаграми и слики секако не доаѓаат предвид. Тогасш, каде е TeX во овој контекст? Говорев дека текстуалнте процесори може да се проблематични, бидејќи вашито кореспондент може го нема Некој2000 како што вие го имате. Но зарем ова не важи и за двете насоки? Дури и ако сте вие загреани за TeX и му дадете шанса, колкумина од вашите кореспонденти го имаат инсталирано? Ова е прашање на место, но има и свој одговор. Ако сакате вашиот кореспондент да може да ја види форматираната верзија на вашата датотека, а тој/таа немаат инсталирано TeX, на располагање ги имате следниве опции:

1. Конвертирајте ја вашата изворна TeX датотека во HTML. Постојат добри програми за ваква конверзија. (HTML и TeX се всушност многу слични во тоа што користат логичко обележување, такашто меѓусебанта конверзија може да се направи со голем степен на точност.) Тогаш вашиот кореспондент ќе може да го прочита вашиот текст користејќи интернет прелистувач.

2. Дали вашиот кореспондент има пристап до Postscript печатар? Во академска или бизнис средина тоа е многу веројатно. Во тој случај можете да испратите целосно форматирана верзија на вашито документ во форма на postscript датотека, која што може директно да биде испратена на печатачот. Истата може да се погледне и на екран со користење на програмот Ghostview (кој ебсплатно може да се симне од интернет).

3. Дали вашито кореспондент има „Acrobat Reader“, читач за Adobe PDF датотеки? (повторно, бесплатен програм) Ако има, можете да испратите PDF верзија на вашито документ.

Разгледувајќи ги опциите за испраќање текст по електронска пошта, веќе ја допревме и темата за подготовување текст наменет за интернет страни. Имате опција директно да пишувате HTML. Ако не го сакате тоа, можете да пишувате HTML индиректно преку користење соодветен едитор со графички кориснички интерфејс, како на пример Netscape Communicator. Секако, можете да креирате HTML со користење и на MS Word (во тој случај многоу лош HTML полн со непотребни ознаки кои го прават непогоден за едитирање со друга алатка). Ако работите со TeX можете лесно да ги конвертирате вашите документи во (чист и во согласност со стандардите) HTML.

 


4. Квалификација

Се обидов да и дадам предност на „asii плус уредувач“ алтернативата во однос на текст процесорите. Сепак, ќе признаам, постојат некои видови на документи за кои WYSIWYG текстулантие процесори се природна алатка. Притоа мислам на кратки, ad hoc, документи кои кај кои примарно значење има изгледот наспроти содржината: флаери, постери, покани за забава и слични. Можете истите да ги изарботите и во TeX, но нема да е ефикасно. Стандардните класи на документи во LaTeX (извештај, напис, и т.н.) би ви биле од мала корист. И додека LaTeX е способен да работи автоматски со опсег на фонтови кои би ги сакале во формален текст, тој не е насочен кон „мешање и усогласување“ на весели фонтови кои би ги сакале во понеформална пригода. Логичката структура во тие случаи не потребна: повеќе ве интересира „сурово форматирање“. Сакате да знаете, на пример, ако ја ставам таа линија со фонт 36pt, дали тоа ќе ја бутне последната линија на наредната страна, што не би сакал? Тогаш ви е потребен WYSIWYG.

Ако повеќете од вашата работа со текстови е од овој тип, веројатно веќе одамна сте престанале со читање. Ако повеќето од вашите текстови вклучуваат релативно формални документи, ова квалификација нема влијание на суштинските елемененти на мојата аргументација.

 


 

5. Празно зборување?

Веројатно забележавте дека сум доста заинтересиран околу оваа тема. Да, сум. Поентата е дека не станува збор само за академска дебата меѓу алтернативни начини за подготовка на текст. Станува збор за вага кај која моќта и богатството на големите софверски компании е целосно на едната страна. Грубо кажано, соочени сме со ситуација во која MS Word е на пат да стане, за поголем дел од светот, единствен стандард за подготовка на документи на компјутер. Но Word поседува малку нешта што би можеле да го направат станадард, освен фактот дека е (или има аспирации да биде) стандард.

Сето ова помалку наликува на QWERTY. Ја знаете ли приказната? Зошто стандардниот распоред на копчињата на тастатурата на машините за пишување (а како продолжение на тоа и на комјутерските тастатури) е QWERTYUIOP во горниот ред? Тоа не бил првичнито распоред на копчињата.Тој бил дизјаниран со цел, имено, да го успори операторот. Проблемот бил во тоа што техниката на првите оператори бргу ги надмианла можностите на првите механички машинии за пишување: брз оператор можел да ги заглави копчињата удирајќи ги побрзо отколку што тие можеле да се вратат откако ќе удреле во лентата на машината. QWERTY е распоред на копчињата кој не дозволува да се пишува толку брзо. Овој распоред е очигледно непогодоен за електронските тастатури, но сега е прекасно да се смени. QWERTY е стандард и сите обиди да се рационализира тастатурата пропаднале соочени со таа реалност.

Слично на ова, мојата дискусија е дека MS Word нема право да биде стандард за подготовка на документи, бидејќи е очигледно неефикасен (за повеќето намени) отколку лесно достапните алтернативи. Се надевам дека не е предоцна во овој случај, дека сеуште постои можност да се каже „Не“ на Word. Всушност, на некој начин, Word е полош од QWERTY: тој не е вистински стандарт, туку повеќе ескалатор. „Стандардот“ на Microsoft за бинарно претставување на форматот на документите е нешто што е променливо зависно од волјата на Microsoft. Квази-монополот на MS Word е прозивод на квази-монополот на Microsoft Windows (тема во која нема да навлегувам во оваа прилика). И се додека не се силно притиснати од комерцијалната конкуренција, Microsoft нема посебен интерес да воспостави било каков долготраен стандард за бинарно претставување на форматирањето. Напротив, ти имаат силен интерес да ве присилуваат постојано да го „надградувате“ Word. Лелееее, Word N.0 не сака да го прочита документот што ви го испратил вашиот колега кој користи N+1? Па, тогаш подобро да ја инсталирате новата верзија, нели? Дури и ако N+1 нема карактеристики кои веќе не ги има и во N, а кои би ви биле потребни.

Allin Cottrell,

Professor and Chair,

Department of Economics, Wake Forest University

 

Последно освежено ( Понеделник, 30 Мај 2011 07:55 )