Математика

Математички знаења потребни за Статика

Одговорете точно на поставените прашања. Доколку погрешите, може да се обидете повторно. Одредени прашања содржат дополнителни објаснување за точните и неточните одговори. Затоа и кога ќе го погодите вистинскиот одговор, кликнете и на останатите понудени одговори - може да добиете дополнителни информации зошто тој одгвор би бил погрешен. Кликнувањето на неточните одговори откако ќе го погодите вистинскиот не го намалува вашиот резултат.

Зошто овој квиз?

За успешно следење на наставата по предметот „Статика“ на студентите им се потребни одредени предзнаења од математика. Овој квиз е составен со цел студентот:
  • да го освежи своето знаење по математика
  • да стекне увид колку и што од математика ќе му биде потребно
Се очекува студентот кој ќе одговори точно на поголемиот број прашања од овој квиз да нема проблем во следењето на наставата по „Статика“ (барем од математички аспект).

Дополнителни информации на оваа тема може да најдете на:Квизот содржи прашања од следните области:
  • Алгебра
    • линеарни равенки со една непозната
    • квадратна равенка
    • Системи линеарни равенки
  • Геометрија
    • Површина и периметар на основни геометриски слики
    • Однос меѓу аглите при пресек на две прави
    • Однос меѓу аглите при пресекот на права со две паралелни прави
    • Однос меѓу аглите во триаголникот
    • Слични траиголници
    • Питагорина теорема
    • Тежиште на основни геометриски слики
  • Тригонометрија
    • Тригонометриски функции
    • Тригонометриски релации меѓу комплементарни агли
    • Тригонометриска кружница
    • Синусна и косинусна теорема
  • Математичка анализа
    • Изводи
    • Интеграли
    • Екстремни вредности на фунции
  • Вектори
    • Поим
    • Операции со вектори
    • Единечни вектори
    • Компоненти на вектор
    • Скаларен и векторски продукт